Во БиХ се блокирани 105.331 сметки на деловни субјекти

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

На крајот на септември, односно на почетокот на октомври 2024 година, во Босна и Херцеговина имало 105.331 блокирани сметки на деловни субјекти, што е зголемување за 279 во однос на извештајот од претходниот месец, покажуваат податоците на Централната банка, објави Кликс.ба.

Во новиот извештај, беше наведено и дека на крајот на септември, односно на почетокот на октомври годинава, дури 57.654 компании имале најмалку еден блокирана сметка, што е зголемување за 161 во однос на претходниот месец. Во овој ажуриран извештај за блокирани сметки наведени во Единствениот регистар на сметки на Централната банка на Босна и Херцеговина, се наведени правни лица од сите сфери на општественото живеење, од бизниси, продавници, фризерски салони, бензински пумпи, аптеки, ординации, кафулиња и ресторани. На оваа листа се наоѓаат и рудници, месни заедници, општини, спортски друштва…

Во првиот извештај на Централната банка на БиХ, објавен на почетокот на ноември 2012 година, бројот на блокирани сметки на деловните субјекти во БиХ изнесува 58.038, додека 35.694 фирми имале најмалку една блокирана банкарска сметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот