Во бесплатната акција во Аеродром собрани околу 70 тони кабаст отпад

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром и општинското Јавното претпријатие за комунални дејности  ја спроведоа акцијата за бесплатно собирање кабаст отпад, при што од 41 локација, собрани се околу 70 тони отпад.

Акцијата започна кон крајот на јули и наиде на голем интерес кај граѓаните. Како што велат од Аеродром, големи контејнери во текот на август и септември беа поставени на различни локации низ целата општина според точно одреден распоред. Жителите навремено беа информирани кога и каде да го остават својот стар мебел и друга дотраена покуќнина, кои потоа беа собирани со механизација на Општина Аеродром.

 Оваа акција беше спроведена со цел да им се излезе во пресрет на жителите бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа придонесовме да се заштити животната средина од несовесно фрлање отпад, како и од создавањето лоша слика за Аеродром – информираат од Општината.

Оттаму апелираат до граѓаните да внимаваат како се однесуваат кон околината, затоа што инспекциските служби се постојано на терен, а секое несовесно фрлање отпад е казниво со закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот