Во Белград Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов настапуваат за првпат како дует

Фото: Профимедиа/Принтскрин/Фејсбук

Во Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует, а како специјален гостин ќе им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.

– Со Влатко настапувавме заедно во неколку наврати, работевме заедно со кавалистот Теодосиј Спасов, бев гостин на неговиот албум, така што не ни е првпат да се среќаваме. Но, за првпат настапуваме сами, како дуо. Ќе биде интересно за нас, а се надевам и за публиката – изјави Васил Хаџиманов.

Тој најави дека на концертот ќе свири микс од сопствениот материјал, а ќе му се придружи и пејачот Дин Бауман, големо име во блузот и џез музиката.

– Целта е всушност да се помине низ репертоарот што го означува и творештво на Влатко Стефановски и моето, што секако не е многу едноставно. Јас немам 50-годишна кариера како Влатко, но имам 34 години и тоа не е наивно. Избравме композиции кои се делумно авторско дело на Влатко Стефановски, делумно мое. Ќе има и неколку излети во блуз и соул музиката, со оглед на тоа што Бауман е наш специјален гостин, а тој е мајстор на таа музика – најави Васил Хаџиманов во пресрет на вечерашниот концерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот