Во Бејрут извршен напад со ретка кинетичка ракета

При напад во Либан во кој цел бил осомничен член на групата Хезболах била истрелана досега непозната кинетичка муниција.

Инцидентот се случил на периферијата на Бејрут, непозната муниција удрила во автомобил, пробивајќи го ветробранското стакло при што возачот се здобил со тешки повреди.

Очевидци изјавиле дека виделе како проектилот удрил во автомобилот но при тоа немало експлозија.

Ударот според карактеристики е сличен на употребата на кинетичка муниција како што е американската наведувана ракета „AGM-114R9X“, која е опремена со сечила на преклопување наместо боева глава со експлозив.

Овие муниции се дизајнирани да елиминираат меки цели со минимална колатерална штета и биле користени од страна на САД говорат разузнавачки информации, во кои се вели дека тие биле користени за елиминирање на терористите во Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Сомалија.

Сепак, AGM-114R9X е голем проектил од 50 килограми со шест масивни површини за сечење, додека влезната дупка на ветробранското стакло на автомобилот во Бејрут покажа дека станува збор за помала муниција со четири „ножеви“.

Се чини дека воздушниот напад во Бејрут е дел од новата воздушна операција на Израел во Либан, која ја започна во понеделникот, на 23 септември.

Пред операцијата, Израел испрати предупредување до радио станиците и некои мобилни телефони во Бејрут дека воена акција е неизбежна.

Подоцна вечерта, околу 18:30 часот, израелските сили извршија серија напади.

Израелските одбрамбени сили нападнаа станбени единици за кои веруваа дека се складишта за оружје.

Секундарните експлозии и детонации на муниција станаа секојдневие по израелските напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот