Во американската сојузна држава Алабама извршена смртна казна со користење азот

Затвор илустрација / Фото Архива

Во Соединетите Американски Држави е извршено второ погубување со употреба на азот, метод што американските и европските ветеринари го сметаа за неприфатлив за евтанизација на повеќето животни.

Методот е применет кај Алан Милер (59), обвинет за убиство на три лица. Тој беше прогласен за мртов во четвртокот во 18:38 часот по локално време во затвор во Јужна Алабама.

Смртоносниот метод вклучува поставување маска за респиратор на лицето и пуштање чист азот, при што недостигот на кислород предизвикува смрт од задушување.

Според изјавите на сведоците, последните зборови на Милер биле: „Не направив ништо за да бидам овде“ и „Не направив ништо за да бидам осуден на смрт“.

Милер беше погубен поради убиство на тројца соработници во 1999 година – Ли Холдбрукс, Кристофер Скот Јенси и Тери Џарвис.

„Вечерва конечно беше задоволена правдата за овие три жртви, неговите постапки не беа резултат на лудило, туку на чисто зло. Неговите грозоморни злосторства засекогаш променија три семејства и се молам тие да најдат утеха после сите овие години“, рече гувернерката на Алабама, Кеј Ајви.

Првата егзекуција со азот беше извршена во јануари, исто така во Алабама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот