Во Албанија отпечатена брошура за Ковид -19 и на македонски јазик

Брошурата „Информации за вирусот Ковид-19″ отпечатена е и на јазиците на други малцинства во Албанија.

Во Албанија е отпечатена брушура за Ковид-19 и на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа.

Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа.

Тоа, како што стои во објавата на канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, поради тешката состојба предизвикана со појавата на Ковид-19 која е „уште потешка за припадниците на националните малцинства кои се соочуваат со јазична бариера кога станува збор за пандемијата”.

– Бидејќи владите се одговорни за обезбедување информации неопходни за заштита и промоција на правата, вклучително и правото на здравје, неопходно е пристап до информации и на јазиците на малцинствата околу заштитните мерки и случувањата поврзани со ризиците од ширењето на Ковид-19. Како одговор на оваа неопходна потреба во рамки на проектот „Промоција на диверзитетот и рамноправноста во Албанија” објавена е и оваа брошура, се наведува во објавата.

Брошурата „Информации за вирусот Ковид-19″ отпечатена е и на јазиците на други малцинства во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот