ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал

СДСМ се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал, се вели во партиското соопштение на владеачката ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ ликува на тоа што Македонија е заглавена. како и дека тие напорно работеле да бидеме ставени во исто кош со Албанија, а потоа и Албанија да не претрка.

– СДСМ свесно работат Македонија да биде заглавена почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години со СДСМ, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Додаваат дека со 2% доверба во судството, девастирано здравство и образование, опозициската партија систематски ја разградило државата.

Велат дека сега со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на право и просперитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот