ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто организацискиот директор на Нефрологија повторно молерисува ѕидови?

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ денеска со реакција за раководството на Нефрологија односно до организацискиот директор на клиниката.

Од партијата прашуваат зошто овој опозициски кадар брза со нов тендер за молерисување на ѕидовите на Клиниката кога истото е сторено неодамна.

– На Клиниката за нефрологија раководството или се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување на ѕидови, се вели во партиската реакција.

Од таму прашуваат која фирма го добила тендерот за изведување на зафатот, за каква набавка станува збор и за која сума е добиена услугата.

– Дале се безбедни пациентите? Дали се постапува по процедурите предвидени со Закон и дали се испочитувани насоките на Инспекторатот во вакви случаи?, прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот