ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и е потребна сигурна иднина

На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на соопштението на СДСМ дека водат сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и нова влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на соопштението на СДСМ дека водат сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и нова влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија.СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат.

Она што СДСМ досега го направила на македонските граѓани, според ВМРО-ДПМНЕ, не ветува сигурна економија и подобра иднина. Тоа, велат, ветува единствено сигурен банкрот на државата.

По предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, минатиот вторник се конституираше новиот парламентарен состав и почна да тече 10 дневниот рок за формирање парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата“ велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот