ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем

ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВМРО – ДПМНЕ со реакција на коментарите на Еролд Муслиу.

– Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

Обвинуваат дека агенцијата предводена од Еролд се пресметувала со новинари, медиуми и личности кои го критикувале криминалот на СДС и ДУИ.

– Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување, се вели во партиската реакција на ВМРО – ДПМНЕ.

Додаваат дека за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу бил на директорската позиција, неговата сопруга со помош на владата дошла до грант од 620.000 евра.

– Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?, прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Партијата на Мицкоски смета дека неговата одбрана под превезот на етничката припадност е тешка манипулација и дека тоа е можната причина за смена.

Муслиу: Партиската логика го надвладеа мерит системот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот