ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев ја потврди катастрофалната кондиција на буџетот

Загрижува дупката од 2 милијарди евра во буџетот и признанието на Манчевски дека нема да има ниту за плати.

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, го потврди она за што ВМРО-ДПМНЕ изминатите три години предупредуваше и истакна дека буџетската дупка изнесува неверојатни 2 милијарди евра. Не само што потврди дека нашата држава е пред банкрот, Анѓушев исто така истакна дека македонската држава во наредните месеци ќе има проблем со исплатата на плати на администрацијата, што е застрашувачки, се вели во денешното партиско соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.

Од таму додаваат и дека во иста насока е и изјавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој изрази сериозен сомнеж дека нашата држава има доволно ресурси за да воспостави и спроведе вонредна состојба.

По стапките на неговиот партиски шеф тргна и министерот за администрација, Дамјан Манчевски кој побара исполнување на директивата на Заев за намалување на платите во администрацијата на 14.500 денари, велат од партијата.

Според опозициската партија ова е само потврда за катастрофалните економски политиките кои ги водела СДСМ изминативе 3 години во мирнодобски услови кога целиот регион и Европа бележел екомски раст.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот