ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров им се врати на победите и скокна до втората позиција

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Водечките екипи на табелата во Втората македонска лига не забележаа победи, а тоа го искористи Македонија Ѓорче Петров кој по два натпревари победи и дојде до втората позиција.

Македонија Ѓорче Петров до трите бода на гости кај Вардарски дојде со погодоците во завршницата на Христов и Размоски. Во вториот дел мрежите мируваа па гостите се радуваа на триумф.

Лидерот Брегалница одигра само реми 0:0 на гости кај Скопје, но остана првопласирана бидејќи не победија ниту Арсими, ниту Кожуф. Каменица Саса беше подобра од Арсими со 2:1, додека Кожуф како и Брегалница одигра без голови против Детонит.

Скопје – Брегалница 0-0

Каменица Саса – Арсими 2-1

Кожуф – Детонит 0-0

Новаци – Беласица 0-0

Осогово – Борец 1-0

Победа – Охрид 0-1

Вардар Неготино – Башкими 0-1

Вардарски – Македонија Ѓорче Петров 0-2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот