Влаховиќ одговори на гласините за љубовна афера: Морам да реагирам, тоа се сериозни глупости

Фото: EPA-EFE/MARIO CRUZ

Репрезентацијата на Србија во петок го игра клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата на Светското првенство во Катар. Пред овој натпревар во јавноста се појавија шпекулации за наводна љубовна афера на напаѓачот Душан Влаховиќ со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ.

Во денешните изјави за медиумите Влаховиќ остро ги демантираше таквите информации.

„Непотребно е било што да се зборува, но морам да реагирам и да се огласам затоа што се работи за моето име. Тоа се сериозни глупости и небулози. Очигледно такви работи измислуваат луѓе на кои ѝм е досадно и немаат што друго да прават па на тој начин ги лечат своите комплекси Тоа се луѓе кои работат против интересот на репрезентацијата. Атмосферата никогаш не била подобра, ништо не се променило“, изјави Влаховиќ.

Се пишуваше и дека Влаховиќ е во лош однос со селекторот Пикси, но напаѓачот и тоа го демантираше додавјќи дека е спремен да игра во петок против Швајцарија.

За медиумите зборуваше и неговиот соиграч од Јувентус Филип Костиќ кој го најави натпреварот со Швајцарија.

„Не очекува тежок натпревар против Швајцарија. Компактни се и добро организирани, се надевам дека ќе поправиме се што не беше добро во претходните два натпревари. Нема да биде исто како пред четири години, има многу нови играчи. За секој натпревар поинаку се припремаме, се зависи од противникот. Се надевам дека ќе победиме и ќе поминеме понатаму“, истакна Костиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот