Влаховиќ имал романтична врска со сопругата на соиграчот?

Барселона има нова мета за идното лето/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Многумина се прашуваат зошто Душан Влаховиќ не е стандарден во составот на српската репрезентација на СП во Катар. Селекторот Драган Стојковиќ Пикси вели дека Влаховиќ е повреден, но медиумите од Србија тврдат дека тоа не е вистинската причина.

Откако претходно медиумите од нашиот северен сосед пренесоа дека има конфликт меѓу селекторот и првата ѕвезда, сега излегуваат нови детали околу целата сапуница.

Наводно, пред шампионатот Влаховиќ имал романтична врска со сопругата на голманот на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Нешто што ја дополнува оваа информација е фактот дека Рајковиќ беше стандарден на голот на репрезентацијата во текот на квалификациите и Лигата на нации, а на шампионатот него на голот го замени Вања Милинковиќ Савиќ. Србите шпекулираат дека токму поради целата ситуација Пикси се одлучил додека не се реши проблемот и двајцата играчи да бидат надвор од тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот