Владата нема да ја обжали пресудата на ЕСЧП што ја добија исклучените граѓани од парното

Владата нема да ја обжали пресудата на Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од Стразбур  (ЕСЧП) што ја добија исклучените граѓани од системот за централно греење во Скопје.

Владата на денешната 65 седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права.

-Со оваа одлука да не ја обжали одлуката на ЕСЧП, Владата ја прифати пресудата на судот по предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други што го покренаа осуммина граѓани од нашата земја кои се жалеа обврската да плаќаат надоместок за  парно греење на приватните снабдувачи со топлинска енергија, иако беа исклучени од топловодната мрежа, соопшти владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот