Владата нема да ги замрзне цените туку само ќе ги ограничи маржите на 10 отсто

Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

„Наместо замрзнување на цените, продуктите што ќе се најдат во есенската кошничка ќе бидат со ограничени маржи од бруто 10 проценти“, објасни денеска министерот за економиија и труд, Бесар Дурмиши.

Како што рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни.

Тој најави дека покрај есенска кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,… зашто обично, нагласи, во периодот пред и за празниците, трговците секогаш ги зголемуваат цените.

-Минатите денови имав состанок со коморите. Ги слушнав нивните барања, ги слушнав забелешките и од производителите и од трговците. Направивме заеднички предлог што Министерството го достави до Владата. Наредната седница очекуваме предлогот да се усвои – бруто профитната маржа да се ограничи до 10 отсто за сите основни прехранбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро известени, мислеле дека оваа мерка ќе биде долгорочна, но ние ги информиравме дека мерките се само за празници, со ограничено времетраење. На пример, одлуката за есенската кошница ќе трае еден месец, потоа ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска,… Се знае дека во овие временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените, истакна Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по Меѓународната конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија”.

Според него, ова се прави за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

-Мерките се во интерес и на граѓаните и на државата. Предлогот е есенската кошница да трае еден месец, но на Влада ќе се дискутира. Ќе видиме кои се другите предлози, од другите министерства. Досега одлуките сме ги носеле низ разговор, отворено и транспарентно. Формиравме работни комисии од министерствата за економија, за земјоделство и за финансии, а, како што реков, ги слушнавме и коморите. Не донесуваме одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни, рече Дурмиши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот