Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Согласно измените на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба.

Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.

„На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот