Влада ќе покрива дел од трошоците на судентите за партиципација и сместување

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат
На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти запишани за прв пат на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија.
Исто така, ќе се финасира и партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од буџетот на Република Северна Македонија, а се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.
Студентите опфатени со оваа уредба можат да искористи само една од партиципациите за трошоците за студирање за студентите која е еднократна и изнесува до 6.000 денари, еднократната партиципација на трошоците за сместување во студентски дом до 6.000 денари, или партиципацијата на трошоците за приватно сместување за студентите од член, која исто така е еднократна и изнесува до 6.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот