Вкусен и сочен колач со кикирики

Вкусен десерт со кикирики кој вашите гости би го обожувале. Брз и едноставен колач е нашиот денешен предлог за десерт.

Потребни состојки:

– 3 јајца

– 350 грама шеќер

– 6 лажици гриз

– 2 лажици брашно

– 1 прашок за пециво

– 200 милилитри јогурт

– 100 грама печени кикирики

– 50 милилитри масло

– кора од лимон

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата и шеќерот заедно, додадете брашно и гриз, претходно измешани со пециво, а потоа додадете јогурт, кикиритки, масло и кората од лимон.

2. Полека изедначете ја смесата и ставете ја во плех намачкан со масло. Печете на 200 степени, околку 20-25 минути.

3. Додека колачот се пече, подгответе го сирупот од шеќер во кој можете да додадете и лимон.

4. Оставете да олади сирупот, па печениот колач избодете го со вилушка и прелијте го со сирупот.

5. Направете глазура од чоколадо и прелијте го колачот. Оставете уште еден час да се олади и да се стврдне чоколадото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот