Вкупно 128 семејства од Лисиче, зимава наместо на дрва и јаглен ќе се греат на инвертери, топлотни пумпи или печки на пелети

Инвертер клима
Инвертер клима / Фото; МИА

Оваа грејна сезона, оџаците на вкупно 128 домаќинства кои живеат во скопската населба Лисиче ќе престанат да загадуваат и наместо на дрва или на јаглен, ќе започнат да се греат на инвертери, топлотни пумпи или печки на пелети.

– Зимава, 128 домаќинства од скопската населба Лисиче нема да загадуваат. Со помош на Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје/Embassy of Sweden in Skopje, спроведуван од УНДП во партнерство со Град Скопје Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor ќе ги променат печките на дрва или јаглен со инвертери, топлотни пумпи или печки на пелети, а во дел од нив ќе биде извршена замена на врати и прозорци како и обнова на покриви и фасади, информираат од УНДП.

И од Град Скопје велат дека, со реализацијата на овој проект се обезбедува финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад со цел замена на старите грејни тела, со нови енергетски поефикасни, а на избраните домаќинства им се помага и да ги заменат старите (дрвени) прозорци и врати поради зголемување на енергетската ефикасност во објектите во кои живеат.

Инаку, овој проект се реализира во населбата Лисиче бидејќи мерењата на загаденоста на воздухот во Скопје покажале дека овој дел е меѓу најкритичните во Скопската котлина.

Имајќи ги предвид местоположбата и карактеристиките на областа Лисиче – индивидуални објекти за домување, близината на станицата за мониторинг на квалитет на воздух на МЖСПП, доминантниот начин на загревање на домовите со огревно дрво и слично, токму оваа зона е предложена од експертите како тест област во која треба да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Лисиче и Аеродом се гасна комора, се жалат граѓаните на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот