Вклучете масло од семки од тиква во вашата есенска исхрана: Го штити срцето и ја зајакнува косата

Масло од семки од тиква / Фото: Tetiana Vitsenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Иако звучи малку егзотично, маслото од семки од тиква е честа состојка во готвењето и се користи и за готвење и како додаток на салати. Маслото од семки од тиква има бројни здравствени придобивки, поради што редовно се наоѓа на листата на здрави прехранбени продукти, како и поради неговиот богат вкус и живописната црвено-портокалова нијанса, пишува „Е-клиника“.

Зошто маслото од семки од тиква е здраво?

Маслото од тиква или маслото од семки од тиква, како што сугерира името, се извлекува од семките од тиква и се смета за многу здраво. Има уникатен вкус и содржи многу важни хранливи материи. На пример, тој е богат со масти здрави за срцето. Една лажица (15 мл) масло од семки од тиква има 14 грама масти, од кои повеќето се од полинезаситени и мононезаситени масни киселини.

Тој е особено богат со линолеинска киселина, вид омега-6 масни киселини поврзани со подобрување на здравјето на срцето и контрола на шеќерот во крвта.

Дополнително, содржи високи количини на антиоксидантни соединенија, вклучувајќи полифеноли и каротеноиди, кои можат да помогнат во заштитата од воспаленија и хронични болести. Природното масло во семките од тиква е богато со соединенија наречени фитостероли. Овие и други супстанции покажаа добри резултати во лекувањето на синдромот на хиперактивен мочен меур, според студијата објавена во „Food Reviews International“.

Фото: Pexels

Кои се здравствените придобивки?

Маслото од семки од тиква е поврзано со неколку потенцијални здравствени придобивки.

Може да го подобри здравјето на уринарниот тракт

Додатоците од масло од семки од тиква често се користат за подобрување на здравјето на простатата. Тие се особено корисни за лекување на бенигна хиперплазија на простатата, состојба која се карактеризира со зголемување на простатата, што може да го блокира протокот на урина. Резултатите од студијата спроведена на 47 мажи со бенигна хиперплазија на простата кои земале 320 мг масло од семки од тиква дневно во текот на 12 месеци покажале дека симптомите се намалени, квалитетот на животот на учесниците во студијата се подобрил и протокот на урина се зголемил.

Други истражувања покажуваат дека маслото од семки од тиква може да помогне и во лекувањето на други проблеми со уринарниот тракт. Студијата на 45 луѓе покажа дека консумирањето на 10 грама масло од семки од тиква дневно во текот на 12 недели ги намалува симптомите на прекумерно активниот мочен меур.

Го подобрува здравјето на срцето

Неколку студии покажаа дека маслото од семки од тиква може да биде корисно за здравјето на срцето. Во една мала студија кај жени во постменопауза, земањето три грама масло од семки од тиква дневно доведе до значителни подобрувања во вкочанетоста и функцијата на крвните садови, што може да помогне да се спречи висок крвен притисок.

Друга студија од 2011 година покажа дека суплементацијата со масло од семки од тиква ги зголемува липопротеините со висока густина (ХДЛ), или добриот холестерол, кај 35 жени во постменопауза. Постарите студии на животни откриле слични наоди – маслото од семки од тиква може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди додека го подобрува крвниот притисок.

Може да го подобри растот на косата

Маслото од семки од тиква може да се користи како додаток или да се применува локално за да се промовира растот и здравјето на косата.

Во една студија со 76 мажи кои доживеале губење на косата, им давале или 400 mg масло од семки од тиква или плацебо дневно во текот на 24 недели. На крајот од студијата, оние кои земале масло од семки од тиква пријавиле добри резултати, намалено опаѓање на косата и имале четири пати поголем раст на косата од оние во контролната група.

Друга помала студија покажа дека маслото од семки од тиква, исто така, може да го зголеми растот на косата кај жени со губење на косата кога се применува локално во период од 3 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот