Висок командант на Иранската револуционерна гарда загинал заедно со лидерот на Хезболах

Фото: Архива/ЕПА

Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант во Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) е убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут“, во кој е убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека генералот Нилфорушан бил под санкции на САД, пренесува АП.

САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно задолжена за сузбивање на граѓанските протести во Иран“.

Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по повеќемесечните протести поради смртта на Махса Амини, која беше уапсена поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор на иранската полиција за морал.

Нилфорушан служеше и во Сирија поддржувајќи го претседателот Башар ал-Асад во повеќедецениската граѓанска војна и служеше во Иранско-ирачката војна во 1980-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот