Вилдерс: Ајатолахот Хамнеи е психопат и манијак
Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска се сретна со група високи државни претставници во Техеран и притоа за тензиите и регионалните војни на Блискиот Исток ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“.
Тој им порача да „се изгубат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир
Ајатолахот, кој неколку дена се наоѓа на тајна и безбедна локација, изјави дека е „тажен“ поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високите претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е оживувачка и движечка сила“.
Високо рангиран ирански функционер за британските медиуми потврди дека наредбата за лансирање на ракетата кон Израел ја издал лично врховниот лидер Хамнеи.
Тој претходно се обрати на социјалната мрежа X, најавувајќи дека ударите врз Израел ќе бидат уште ,,посилни и поболни“.
На оваа изјава експресно му одговори холандскиот политичар Герт Вилдерс.
„Ти си психопат, опасен манијак кој ќе загуби сè затоа што ќе победи логиката, демократија и слободата и затоа ние секогаш ќе го поддржуваме Израел“, рече Вилдерс.
אתה פסיכופת, מניאק מסוכן, אדם חולה שיפסיד כי ההיגיון, הדמוקרטיה והחופש ינצחו ותמיד נתמוך בישראל. https://t.co/30nxGHzjPO
— Geert Wilders (@geertwilderspvv) October 1, 2024