Виетнам го забрани филмот „Барби“ поради контроверзна сцена

Фото: Твитер/„Барби“

Виетнам го забрани долгоочекуваниот филм на „Ворнер Брос“, „Барби“ од домашна дистрибуција.

Причината за забраната е сцена на која се прикажува мапа на Јужното Кинеско Море, што сугерира дека Кина има право на територија во сопственост на Виетнам, соопштија во понеделникот државните медиуми.

„Линијата со девет цртички во форма на У“ се користи на кинеските мапи за да се илустрираат претензиите на Пекинг за огромните области на Јужното Кинеско Море, вклучувајќи ги и териториите што Виетнам ги смета за свој континентален гребен каде што дал концесии за нафта.

„Барби“ е најновиот филм што е забранет во Виетнам поради прикажување на контроверзната кинеска линија со девет цртички, која беше отфрлена од судот во Хаг со меѓународна арбитражна пресуда во 2016 година.

Кина одбива да ја признае пресудата.

Во 2019 година, виетнамската влада го повлече анимираниот филм на „Дримворкс“, „Еверест: Јанг Јети“, а минатата година го забрани акциониот филм на „Сони“, „Анчартед“ од истата причина. Филмот „Барби“, со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги, првично требаше да биде прикажан во Виетнам на 21 јули, на истиот датум со САД, според државниот весник „Туои Тре“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот