ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Забрчанец: Нема Европа дома без членство на Македонија во ЕУ

Марјан Забрчанец /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Мислам дека тезата Европа дома, без членство на Македонија во ЕУ е приказна за мали деца, рече Марјан Забрчанец екс национален координатор во Владата во интервју за Слободен печат.

Забрчанец смета дека интеграцијата во ЕУ е сериозен процес за кој се потребни сериозни реформи внатре во државата, но и искористување на моментот што целиот Западен Балкан е ставена брза лента во делот на проширување на ЕУ.

„Ние нема да станеме членка на ЕУ со притискање на копче, со притискање на копче може да ни се забрза пристапувањето и тоа веќе се случи. Таа рамка дека до 2030 ЕУ е подготвена да се случат овие брзи реформи и на ниво на ЕУ и на ниво на Западен Балкан, односно Македонија во случајов, значи дека некој го притиснал копчето за брза трака, но ние таа брза трака треба да ја изодиме. За ние Европа да ја донесеме дома значи да исполниме критериуми, да се подобриме, да ги зајакнеме капацитетите на институциите, да привлечеме уште европски фондови. Европа дома не може да постои без пристапување на Северна Македонија во ЕУ, односно без финализирање на тој процес со членство во ЕУ“ посочи Забрчанец.

Повеќе од разговорот со Забрчанец во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот