ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Трипков: За прв пат во Македонија лицата со попреченост добиваат соодветна гардероба

Гере Трипков / Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ
Гере Трипков / Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ

Колку време им треба наутро на лицата со попреченост да се подготват наутро за да почнат со обврските? Колку време им треба да се облечат? Дали некој води грижа за облеката којашто ја имаат на себе? Гере Трипков, претседател на здружението „Икуалити“ и основач на „Зен футурист“ за „Слободен печат“ ја најавува првата колекција со специјална гардероба за лица со попреченост. Колекцијата ќе биде промовирана во среда, а нарачките ќе може да се прават следна година.

-Се заврши проектот и ги имаме веќе и првите парчиња коишто ќе можат лицата со попреченост да ги облечат. Брендот е наречен „Зен“ и е адаптирана облека. Во прва фаза имавме задача да создаде една колекција којашто го виде светлото на денот благодарение на донации од нашите сограѓани. Создаваме една колекција на адаптирана облека за лица со попреченост. Тоа е нешто што е новина во регионот, нешто што е новина апсолутно и во Македонија-вели Трипков.

Тој објаснува дека како лице со попреченост, размислувал како може да направи нешто што дополнително ќе го олесни и ќе го подобри квалитетот на живот на неговите пријатели.

Гере Трипков / Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ
Гере Трипков / Фото: Слободен Печат – Слободан Ѓуриќ

-Брендот „Зен“ ќе се стреми да стане еден од главните производители на адаптивна облека во светот. Во моментов ова недоволно и несоодветно се прави. Или се прави многу периодично-вели Трипков.

Тој објаснува дека секое лице со попреченост има различни потреби. Нормално е дека не можат да одговорат на сите одеднаш.

– Во изработката се избегнуваат копчиња, се избегнуваат патенти. Колекцијата која сега ја создадовме, ја создадовме во Македонија, со помош на македонски дизајнери, вклучивме многу лица со попреченост, коишто ги истражувавме од аспект на тоа какви потреби имаат. Значи, имаме лица коишто имаат оштетен вид, имаме лица коишто имаат физички хендикеп, имаме лица коишто со делумна интелектуална попреченост и така натаму. Значи има различен тип на облека-вели Трипков.

Гере Трипков / Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ
Гере Трипков / Фото: Слободен Печат – Слободан Ѓуриќ

Тој не го гледа капацитетот кај нашите текстилни компании за производство на ваков тип облека.

– Нашите компании не се подготвени да го спроведат и да го имплементираат во нивните капацитети. Најверојатно ќе работиме со нарачки на веб-вели Трипков.

Колекцијата е унисекс, а имаат микс на производи. Има и облека за мали деца, но има и посебни парчиња за мажи и жени. Засега има панталони, здолништа, кошули, јакни, ветровки но и, имаме специјални јакни со додатоци.

– Колекцијата ќе биде прв пат јавно прикажана на 25-ти во Музејот на современа уметност, главните ѕвезди ни се тука моделите, односно лицата со попреченост кои се 31 на број-вели Трипков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот