ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тапшанов со сопругата која ја запознал на Хималаи и мало дете, патува по светот

Драган Тапшанов/Фото: Драган Митрески

Фотографот Драган Тапшанов е авантурист кој патува по светот. Патувањата ги започнал сам, но откако ја запознал сопругата сега патува со неа и со мало дете. За „Слободен печат“ вели дека патувањата му биле детска желба.

– Бев многу љубопитен. Со сопругата патуваме по цел свет, малку сме ограничени, сега, со детето, на некои поавантуристички места не можеме да одиме. Се запознавме на Хималаите, бевме на Пурна и требаше да искачиме 5.600 метри надморска височина и заедно ја поминавме – вели Тапшанов.

Тој неколкупати бил објавен во „Нешенел џиографик“.

Драган Тапшанов/Фото: Драган Митрески

– Работев за „Лонли планет“ поголем период. Добро чувство е кога ќе бидеш објавен на некој таков портал или на таков магазин, тоа е доста голем успех за фотограф – вели тој.

На почетокот со сопругата патувале со приколка. Но виделе дека е тешко и купиле кампер.

– Ја продадовме приколката, земавме кампер, го спремавме сами шест месеци, и оттогаш сме повторно цело време на пат – вели Тапшанов.

Освен по светот, патува и по Македонија. Во моментот кога го правевме интервјуто беше на Плачковица.

– Првпат сме во овој регион, значи, од Радовиш нагоре. Препорачувам кој не бил, да дојде. Природата е преубава – вели Тапшанов.

Тој објаснува дека не сака луѓето да бидат влезени во системот со мали деца.

– Ги ставаат во систем, и така до дваесет и пет-шест години. Мора да учи, да биде во образованието за потоа да може да се вработи. Почни од мал, гледај како да направиш нешто од тебе, барај како да направиш пари, да излезеш од дупката. Најголема карактеристика за мене и за жена ми е таа. Сите ни велат, храброст имаш, јас мислам дека е преголемата љубопитност – вели Тапшанов.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот