ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Средношколци направија паметен автомобил и филтер против загаден воздух

Марио Димчевски и Вања Василевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал.

Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Вања Василевска и Марио Димчевски се ученици во СУГС „Владо Тасевски“. За „Слободен печат“ велат дека се двајца млади иноватори вљубени во машинството. Вања е освоила прво место на натпревар во земјава и станала најдобар млад машинец во Македонија.

Марио Димчевски и Вања Василевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Мислам дека е големо искуство. Кога зборував со сестра ми, таа ме праша дали сакам да бидам нешто како машински техничар или машински инженер?“ Кога слушнав дека не се запишуваат толку девојчиња, сакав јас да бидам првата која ќе направи нешто такво-вели Василевска.

Таа објаснува дека била во Струга преку училиште на натпревар со проект кој за неа значел многу.

Вања Василевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Проектот беше предизвик за борба против загадениот воздух и нашата иновација беше четиристепен филтер, каде што имавме јонизатор, хепа филтер, силикаодвлажнувач и филтер со активен јаглен. Таков филтер на прочистување на воздух не постои-вели Вања.

Марио пак сака да програмира микроконтролери, иако тоа е малку тешко.

Марио Димчевски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

-Јас и мојот соученик Сергеј изработивме паметен автомобил кој користи ПСП 32 микроконтролер кој има камера и ви-фи. Користиме антена за да може преку ви-фи да се поврземе на паметен телефон, и користиме модул кој ги контролира моторите. Може да се контролира од десет метри и имаме видеосигнал од самиот автомобил-вели Димчевски.

Тој објаснува дека тоа го направиле за да учествуваат на натпреварот на „Логин Електроникс“ на ФЕИТ и освоиле прво место.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот