ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Со музика од Бетовен, „грумер“ од Кореја ги стилизира македонските мачки

Сеок Вон Канг/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Единствениот грумер за мачки на Балканот, Сеок Вон Канг или мистер Канг живее во Скопје. Тој работи во скопскиот салон за стилизирање на животни „Туту“. Животот во Македонија му се допаѓа многу, вели за „Слободен печат“ мистер Канг, кој е воодушевен од местата кои ги посетил и од нашата традиционална храна, а посебно му се допаѓа и како се развива бизнисот за миленици.

Мистер Канг работи со најдобрата јапонска техника за нега на миленици.

-Јапонската техника за груминг се разликува многу од стандардната. Јас користам посебни чекори, правам чести паузи после секоја постапка за да ја одморам мачката, дополнително пуштам музика и користам ароматерапија, на тој начин ги смирувам мачињата – раскажува нашиот соговорник.

Работи со редовни клиенти, вели дека интересот за стилизирање на мачиња е голем.

-Имаме редовни клиенти, но одвреме-навреме доаѓаат и нови, ме радува како луѓето сé повеќе ја сфаќаат потребата за нега на нивниот миленик. Јас препорачувам еднаш месечно посета на грумер – додава тој.

Погледнете го целиот разговор во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот