ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Со модната линија „ЗЕН“, лицата со попреченост полесно ќе се дотеруваат

Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Публиката не престана да ракоплеска од почетокот до самиот крај, со вжештени раце, насолзени очи и широки насмевки, вака беа пречекани триесет и едниот модел кој продефилира на пистата на модната колекција „ЗЕН“.

Лицата со попреченост конечно добија облека која ќе им го поедностави животот. „ЗЕН“ е модна колекција којашто е адаптирана на потребите на оваа заедница. Беа прикажани квалитетни парчиња изработени од природни материјали, без непотребни копчиња и патенти, со магнети … колекцијата вклучува сто парчиња за повеќе сезони наменети за мажи, жени и деца. Се работи за модна линија која покрај практичноста ја покажува и модерната страна, со весели принтови, цветни дезени, елегантни креации и практични парчиња.

Во Македонија  20% од луѓето живеат со некаква попреченост. Облекувањето кај овие лица претставува тешкотија, најчесто им е потребна помош од некој за да може да се преслечат, дополнително стандардната облека не е соодветна за нивното здравје. Едно лице со просечен животен век од 75 години троши една година на облекување. Целта на брендот ЗЕН е да го намали тоа најмалку 50%.

ГАЛЕРИЈА | ,,ЗЕН“ – Прва модна ревија за лица со попреченост

На настанот „ЗЕН инклузивно Sorièe“ присутните имаа прилика да погледнат и документарен филм посветен на посебните и изложба со фотографии од моделите.

Гере Трипков / Фото: Слободен Печат - Слободан Ѓуриќ
Гере Трипков / Фото: Слободен Печат – Слободан Ѓуриќ

Мултимедијалниот проект е реализиран од Гере Трипков, основач на „Зен футурист“, претседател на „Икуалити“, активист за правата на лицата со попреченост.

– Многу сум среќен како помина ревијата, ова е само почеток од нас, нашата мисија е да направиме поубав живот за лицата со попреченост и во таа насока и размислуваме. Иднината на модната индустрија треба да изгледа вака. Ова е прва колекција наменета за посебните, не само во Македонија туку и во регионот, верувам дека за „ЗЕН“ ќе чуе светот – вели Трипков за „Слободен печат“.

Најсреќни беа моделите кои имаа шанса да ги покажат своите манекенски способности, сите професионални до крај ја кренаа публиката на нозе со својата харизма.

– Преубава енергија, се чувствувам прекрасно. Среќна сум што конечно ќе им го олеснам животот на моите родители. Тие ми помагаат при облекувањето. Сега со „ЗЕН“ ќе можам многу побрзо да се дотерам. На ревијата носев практични панталони и многу удобни – рече Марија Савеска.

 

Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Тоа што некој се сети за овој проблем со кој се соочуваат лицата со хендикеп е револуција за Еркан.

– Добро е што некој се сети со што се соочуваме секојдневно при преслекувањето. Сега со овие парчиња со магнети, лесни материјали, ќе ми биде многу побрзо облекувањето – рече тој.

Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Колекцијата е направена од дизајнерките Евгенија Зафировска и Сара.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Трипков: За прв пат во Македонија лицата со попреченост добиваат соодветна гардероба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот