ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Скерлев: Се разбудивме со најнов скандал во врска со Најџел Фараж

Жанета Скерлев / Фото: ,,Слободен печат'' / Методи Здравев

На пет дена пред изборите во Велика Британија, секој следен ден носи нови изненадувања, од кандидат кој се обложи против себеси дека ќе изгуби на изборите, до кандидат генериран со вештачка интелигенција. Се чини дека животот на Британците воопшто не им е здодевен. По 14 години власт на конзервативците, ќе имаме лабуристичка влада тука. Сите предвидувања се такви. И колегите новинари разговараат на таа тема и сите размислувања водат кон тоа дека владата на Риши Сунак ќе падне, вели во емисијата „Слободен печат“, Жанета Скерлев.

– Угледниот британски магазин „Економист“ пишува дека на редакцискиот колегиум се собрале сите новинари и не се обложувале, меѓутоа го кажувале нивното мислење, што мислат и како мислат. Тие мислат дека лабуристите ќе бидат оние кои следните 5 години ќе ја водат земјата, а Кир Стармер ќе биде следниот премиер – вели Скерлев.

Англичаните се обложуваат на сè и сешто, вели Скерлев, дури има обложување за изборите.

– Изборната комисија, комисијата за следење на обложувањето ги испитува и конзервативните кандидати, тоа според мене е уште поинтересно, дека конзервативни кандидати се обложувале дека изборите ќе бидат на четврти јуни, кога никој не знаеше, меѓутоа луѓе од блискиот круг на премиерот Риши Сунак, најверојатно знаеле и се обложиле дека изборите ќе бидат на четврти јули и добиле. По сто фунти ставиле, значи не ставил никој огромни суми на пари. Сега комисијата за обложување води истрага, за да се дознае кој се присутствувл на состанокот на кој Риши Стунак соопштил кога ќе се одржат изборите – објаснува Скерлев.

Огромно внимание во јавноста привлече кандидатот кој е генериран од вештачка интелигенција. Британците на ливчето за гласање ќе имаат можност да заокружат и аватар.

– Тука има многу интересни кандидати на сите избори. Ако се сеќавате на минатите локални избори, имавме тука кандидат „канта фаца“. Кандидат којшто е канта за отпадоци, така се појави со онаа алуминиумска. Неколку илјади луѓе гласа за него. Сега имаме кандидат, прилично богат и успешен бизнисмен, тој на изборите настапува со помош на вештачка интелигенција. Така што, направи свој аватар и него го кандидира за кандидат за избор. Изборната комисија ги гледаше документите, разгледуваше сè и сешто, и на крај констатира дека нема законски пречки за таква кандидатура, но доколку победи кандидатот кој е генериран со вештачка интелигенција, неговиот сопственик ќе треба да биде тој што ќе биде дел од власта, локална или државна, или за што било каде што се кандидира, така што нема да се гледа во Британски парламент холограм-вели Скерлев.

Подемот на Најџел Фараж: Отпишаниот политичар кој ги „нокаутираше“ конзервативците и им пркоси на лабуристите

Враќањето на контроверзниот британски политичар Најџел Фараж предизвика турбуленции кај Конзервативците.

– Се разбудивме со најнов скандал во врска со Најџел Фараж. Тој се обидува да ги привлече кандидатите на конзервативците или симпатизерите на конзервативците, кои сметаат дека конзервативците не се доволно десни, но изгледа дека привлекол сè и сешто на негова страна, бидејќи почнува малку по малку да се откажува од неговите кандидати. Бурата во чаша вода која направи тој на некои од анкетите, во некои делови се покажа дека е поуспешен од конзервативците. Сега, некако се вртат против него. Утринава видовме снимка од кандидат на неговата реформска партија, кој стои на брегот на Англискиот канал( Ла Манш) како објаснува дека според него, ако реформистите дојдат на власт, тој би сакал младите регрути да бидат наредени на брегот на Ла Манш и со пушки да стрелаат кон имигрантите, и според него тоа е решение за кризата со имигрантите, употребуваше и други поскандалозни зборови, зборуваше и за исламот како култ, да се уништи, да се забрани, меѓутоа ова со младите регрути, како стојат на брегот и пукаат и ги стрелаат имигрантите, беше врв капка во чашата која се прели, и доби многу реакции – објаснува Скерлев.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

 

Според гледањето на аспарагус Англија да биде шампион на ЕП 2024

Англичаните се луди по обложување, се обложуваат на се и сè што, нагласува Жанета Скерлев, некој за изборите, некој против себе, некој да ли ќе врне или нема да врне на денот на изборите, а оние кои се обложиле дека Англија ќе биде шампион на Европското првенство во фудбал, нешто се разочаруваат, додава таа. Во Англија се потегнуваат најразлични докази за тоа дека може би има уште оптимизам за тоа дека Англија ќе биде шампион, победник, најновото било гледањето со аспарагус.

– Една жена ја покажаа на телевизија која е од еден дел на Англија каде што се произведува аспарагус и таа гледа на аспарагус. Ги собира стапчињата, аспарагусите и ги пушта. Во зависност на тоа како ќе се преклопат сноповите, таа кажува кој ќе биде шампион. И според гледањето на аспарагус би требало Англија да биде шампион. Никој не се обложи после нејзе, а некој се лутат, велат дека ја замајува јавноста за лукративни причини. Продажбата на аспарагуси се големи така што не знам дали дома луѓето тоа го прават, не знам, ама се и сè што се случува со обложувањето во оваа земја, „скај из а лимит“ – додава Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот