ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Патлиџанковски: Правењето и пиењето кафе е посебна уметност

Александар Патлиџанковски - Дабов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал.

Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Александар Патлиџанковски е експерт за кафе. За „Слободен печат“ вели дека правењето и пиењето кафе е посебна уметност.

– Првиот момент кога се фатив со кафе да работам, значи, да правам еспресо или некоја форма на кафе, ми се виде многу интригантно и започнав да испитувам повеќе работи. И во еден момент почнав да испитувам за „спешлти кофи“, да барам специфични типови на арабика кафиња, како би ги вкусиле и зошто е тоа така-вели Патлиџанковски.

Александар Патлиџанковски – Дабов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој објаснува дека „Спешлти кофи“ за разлика од комерцијалните кафиња се градира на различна класа на поентирање.

-Значи, тоа се вика „Cup of excellence“ стандард. Се запознавме подобро со Јордан Дабов и по долги години дискусија подоцна се одлучивме да го земеме неговиот бренд, затоа што е блиску, брендот доаѓа од Бугарија, од Софија поточно, интернационално е воспоставен. Моментално шест франшизи постојат во светот од „Dabov Specialty Coffee – вели Палиџанковски.“

Александар Патлиџанковски – Дабов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој објаснува дека дневно им доаѓаат разни типови на луѓе, различни генерации.

– Ни доаѓаат, разни генерации, од најмлади, да речеме, од средни училишта и возрасни луѓе, но и пензионери. Нашите идни планови се да се етаблираме на македонско земја и здравје боже да се прошириме натака низ Балкан – вели Патлиџанковски.

Александар Патлиџанковски – Дабов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот