ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Моќна порака од Матеј Фолц, Јанг Дади, Шишка и Насте од „Зи бомб“

/ Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ разговараме со македонските млади рап артисти Матеј Фолц, Јанг Дади, Шишка и Насте од „Зи бомб“, кои се едни од новите генерации на рап културата во Македонија, а веќе неколку години се активни на домашната музичка сцена со голем број соло проекти и популарни песни.

Тие се дел од кампањата на Македонски телеком #НаправиМесто каде направија колаборација и се собраа да пренесат моќна порака за сегашните и идните генерации.

Песната „Место“ ја изразува нивната визија за тоа каква сакаат да биде нашата заедница, нудејќи надеж и позитивна промена преку мотивациони зборови и рими, хит кој ќе допре до нивните врсници и ќе ги поттикне да размислуваат за подобра заедница.

 

„Градови во градот, од бараки до барок
Сега тагови на блокот, некад цртежи во блок
Како што без контраст ќе нема ден и ноќ
без морален компас ,но моќта не е моќ“, е дел од песната „Место“.

– Треба да се направи место да се изразат луѓето на покреативен начин. Да има повеќе медиуми каде што ќе можат неколку луѓе да си кажат свои мислења, да си изјават некои ставови, зашто има доста луѓе што имаат што да кажат, а немаат каде да го кажат – вели Насте од „Зи бомб“.

– Мислам дека недостасуваат повеќе платформи што ги поддржуваат младите, ги поддржуваат нивните мисии – се надоврзува Матеј Фолц.

Делата на познатиот македонски автор Горан Стефановски се голем дел од инспирацијата за оваа иницијатива.

– Стефановски ги нашол вистинските зборови за темата и затоа што сите ние тука чувствуваме и се соочуваме со години, ние само се надоврзавме со наши стихови – вели Шишка од „Зи бомб“.

Проследете го целото интервју подолу…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот