ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Михаил Парушев: Музиката доаѓа од вселената и слушателите се таму кога е нешто добро

Михаел Парушев/Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Во пресрет на концертот кој ќе се одржи во „Куршумли ан“ утревечер во рамките на Скопско лето, во студиото на „Слободен печат гостуваше авторот на музиката и основачот на бендот „Парусион груп“, Михаил Парушев – Мишко.

Инаку тие ќе се претстават со неколку периоди од творештвото, а премиерно ќе биде изведен и новиот материјал „Feel the grooves“, кој е типичен за звукот на денешницата, како и проектот „АГОЛ“ од минатата година.

– Сите аранжмани, теми, композиции кои ќе ги свириме на концертот се мои. Не сум композитор по струка, јас сум само дипломиран перкусионист. Само во еден момент решив да направам своја музика, тоа беше пред 20-тина години, сакав да имам некоја своја песна или понатака беа тоа партови на песни, како „Елтера“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, до 7 „Елтери“ имам направено, тоа што највеќе го свирам на концерти – вели Парушев.

Како музичар кој има долгогодишно искуство зад себе, Мишко својата инспирација за творење ја црпи од традиционалната македонска музика, која многу ја почитува и сака да ја слуша и приватно.

– Имам многу инспирација од старите композиции, направив нови аранжмани за да биде „за арно за убаво“, да бидат повесели, да можат луѓето малку да играат на таа музика, не само да ја слушаат. И насмеани сме, мислам дека е убаво да се смени бенд, сите уживаат, а јас сум задоволен со тоа што го правиме заедно. На 30 јули ќе имаме еден малку поразличен концерт … Како и секој мој концерт, ќе биде различно, зашто таа музика е транс, не е тоа електронска транс музика, туку транс како доживување и како свирка. Ќе допушти и публиката да може да си игра, да си замисли некоја своја тема, да си пее во себе, да отпатува малку од денешницата, затоа што музиката доаѓа од вселената и мислам дека и слушателите се таму кога е нешто добро – вели Мишко.

За музичките вкусови не се зборува, но музичарите секогаш прават интересен избор кога се работи за музиката која тие ја слушаат приватно. Од џез, до традиционална музика, па сè до хеви метал, тоа е музиката која приватно ја слуша Мишко Парушев.

– Слушам сè, џез слушам највеќе, тоа мене ми е народна музика, затоа што и нашата народна музика е џез, неправилните ритми се оттука, може да се и донесени од некаде, како патувале народите што стигнале до тука. Си слушам сè, знам дури и босанска музика да слушам, буквално од Индија па до горе, до Англија, и хеви метал сè уште слушам, не можам да се откажам од тоа, се борам преку 35 години – вели за тоа каква музика сака да слуша Парушев.

Повеќе од разговорот со Парушев можете да погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот