ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Марин Гавриловски, колумнист, за „Слободен печат“: Интелектуалците со независна мисла треба да го креираат јавното мнение

Марин Гавриловски/Фото: Слободен печат / Мете Здравев

Марин Гавриловски е колумнист кој повеќе од три години пишува и јавно ги искажува своите ставови преку колумните на „Слободен печат“ и како што самиот вели, неговата 100-та колумна е можеби мал чекор за македонското новинарство, но голем за него лично. Во чест на овој јубилеј, тој беше гостин во студиото на „Слободен печат“ каде што зборувавме за неговите гледишта во врска со интелектуалните заложби и влијанија врз состојбите во нашето општество.

– Сè уште може да се дискутира за оние прашања за кои сум пишувал пред три години. Тоа е можеби една од причините повеќе да се поттикнат интелектуалците, луѓето коишто имаат независна мисла да го искажуваат своето мислење, бидејќи на тој начин некако се креира јавното мнение.
Ние сме едно релативно ограничено општество, со граѓанство кое пред сè е ограничено во образовна смисла, не сме нешто многу високо на тестирањата за интелигенција и сме под многу големо влијание на лажните вести. Ние сега живееме во време на пост-вистина, лажните вести делуваат поавтентично од вистината, а нашето население е такво што многу лесно се едуцира преку Јутјуб и ТикТок … Така одеднаш се најдовме во општество во кое има стручњаци од општа пракса кои се разбираат и од нуклеарна технологија и во геостратегија и здравство и сè … – вели Гавриловски.

Тој вели дека е потребно да се ослободиме од стереотипите и погрешниот наратив и да се повикуваме на историските факти.

– Треба да се обидеме да поништиме некои стереотипи, да го намалиме влијанието кое не е случајно. Ние имаме наратив кој е присутен тука со години, а тоа е дека историски гледано Русија била пријател на Македонија. Ако ги погледнеме историските факти ќе видиме дека тоа никогаш не било така. Не можеме со тој наратив, братство, православие или пријателство да градиме политички ставови. Во политиката единствено интересот е важен – дополнува Гавриловски.

Во продолжение погледнете го целото интервју со колумнистот на Марин Гавриловски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот