ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Драган Данев: Аматеризмот го донесе образованието до овој степен каде што е сега

Драган Данев / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Образованието не е изолиран сегмент во општеството. Се што ни се случува во општеството порано или подоцна ни се пресликува на некој начин и во образованието. Дали има човечки капацитет и потенцијал тоа да се реформира секогаш е дилема и секогаш е тешко да се одговори директно. Но, она што може да се заклучи накусо зошто тоа е доведено до овој степен какво што е денес е токму поради аматеризмот на раководните лица во образованието сите овие 30 години наназад. Само го реформираме, и пак не чини. Ова го изјави во утринската емисија на „Слободен печат“ поранешниот пратеник и професор Драган Данев.

– Места каде што треба да бидат поставени професионалци во своите струки се ставаат партиски луѓе. Не велам дека партиите не треба да ги диригираат раководните кадри, напротив и во партиите има доволно квалификуван и професионален кадар коишто се професионалци во својата дејност, но за жал не се вреднува нивниот капацитет. Затоа треба да излеземе од тој аматеризам за кој зборувам и час поскоро на соодветните места да се постават професионалци кои што работата ќе ја водат нанапред. Ние сме една мала држава и по територија и по население и може за многу краток временски период да се направат резултати коишто ќе ги почуствуваат граѓаните – истакна Данев.

Данев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има легитимитет и одговорност да ги спроведе реформите во општеството а за тоа може да помогне и проширувањето на министерските места во новата Влада.

Повеќе од разговорот со Драган Данев можете да погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот