ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бруно Делбонел: Мислам дека е добро е да се спознае што нам ни даде Македонија

фото: фејсбук-ИФФК Браќа Манаки

Добитник на „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е истакнатиот француски и светски кинематографер Бруно Делбонел. Делбонел се врати во градот по 12 години, носејќи со себе искуства и мудрости од својата обемна кариера.

Неговото творештво не само што ги освои срцата на битолската публика, туку и на публиката ширум светот, за што сведочат многуте награди и номинации, вклучувајќи и Оскар. Покрај номинацијата за Оскар во 2002 година за филмот „Амели“, Делбонел ги доби и номинациите за БАФТА / BAFTA, ASC (Американското друштво на кинематографери), како и за наградата Цезар / Cesar, а ја освои наградата на ЕФА / Европската филмска академија за најдобар европски кинематографер.

Во ексклузивно интервју за „Слободен печат“, Делбонел ги откри своите размислувања за наградата и своето искуство во Битола.

Делбонел сподели свои размислувања за уметноста на снимањето и значењето на културната размена.

-Многу ми значи, бидејќи како прво, затоа што е поврзано со пионерите на киното, браќата Манаки, поради враќањето кон почетоците на создавањето филмови. Мислам дека е добро е да се спознае што ни даде Македонија нам, кажува тој.

Делбонел гостува по втор пат во Македонија. Но изненаден од неговата награда за животно дело.

Наградата за животно дело е многу чудна работа. Не сум толку стар. Не мислам дека мојот живот е завршен, имам и други проекти, но тоа што сум на листата на кинематографи кои многу ги почитувам, тоа ми е многу важно, објаснува Делбонел за „Слободен Печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот