ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ангеловски: Канабисот за 10 години ќе биде легилизиран секаде во западниот свет

Ангел Ангелов / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

„Ние сме сега во некој период, во 1930 години, во Америка прохибицијата за алкохол, кога шверцувале во тегли виски од Ирска, од Англија или правеле дестилати од компири, буквално во тоа време конзумирале ѓубре. Сега и ние се наоѓаме во една таква пресвртница, Германија легализираше, сега прочитав дека и Бразил легализирал. Мексико, Канада, Америка, Германија, Португалија, Шпанија, сегде има некаква форма на легализација. Мислам дека за 10 години во западниот свет повеќе нема да биде тема легализацијата туку дека сето тоа секаде ќе биде регулирани и легализирано и дека повеќе нема да се чувствуваме како криминалци“, истакна Ангел Ангеловски, активист на “Билка” и продуцент на Трн.мк и во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека придобивките од легализацијата на канабисот за државата се многубројни и не само туристички.

„Добиваме многу затоа што едноставно државата ќе добие многу поголем број на туристи, голем број на индустрии ќе бенефицираат од легализацијата, како што се прехранбената индустрија, прехранбената индустрија, спортот. Ќе има многу гранки што ќе имаат бенефит“, заклучи Ангеловски.

Неодамна тој правеше репортажа за Трн.мк како од Мери Џејн фестивалот во Берлин, како прва година на фестивалот откако канабисот е легален во Германија.

„Оваа година беше интересно да се биде таму и сакав да одам затоа што од први април повеќето луѓе знаат дека во Германија се легализираше канабисот за лична употреба. Претходно имаа закон за медицинска употреба сличен на нашиот, со тоа што тие третираа многу повеќе болести од нашиот. Сакав да видам како ќе биде таму бидејќи сите знаеме дека Германците ако направат нешто тоа мора да биде под конец и се изненадив многу позитивно“, рече Ангеловски.

Повеќе од интервјуто со Ангеловски во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот