ВИДЕО | Херој во сандали: Трчал по терористи во Израел, еден од нив ликвидирал

Lev Kreitman Foto: X

Лев Крејтман лежерно јадел стек во ресторанот во Јафа, Израел каде вчера терористи убија 7 луѓе. Кога слушнал пукотници тој без двоумење со сандали истрчал кон трамвајската станица каде што двајцата терористи пукале и ги боделе сите што ќе им се најдат на патот.

Лев го извади пиштолот и се соочил со напаѓачите, убивајќи еден од нив веднаш. На платформата Икс се појави и видео на кое Лев трча во сандали и пука, принудувајќи еден терорист да побегне.

Лев исто така се грижел за повредените додека не пристигнала итната помош. Полицијата подоцна потврди дека седум лица загинале, а 11 се ранети во терористичкиот напад, кој се случил само неколку минути пред почетокот на иранскиот напад врз Израел.

Зборувајќи за Дејли Мејл, Лев го опиша својот херојски чин. „Живеам веднаш над трамвајската станица во Јафа, штотуку завршив со работа и бев гладен затоа што немав ништо дома. Се симнав долу во ресторанот за шницли и тогаш слушнав пукање“, рекол Лев.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Четири жртви во нападот во израелскиот град Јафа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот