ВИДЕОАНКЕТА | Што очекувате од новата влада?

Видеоанкета/Фото: Принскрин

Македонија доби нова влада. „Слободен печат“ ги праша граѓаните што очекуваат од неа и дали веруваат во промени. Најголем дел од нив велат дека веќе не веруваат дека нешто драстично ќе се смени, но дека треба да се работи за доброто на сите граѓани.

– Не очекувам апсолутно ништо, веќе не верувам во никоја влада повеќе-вели скопјанка.

Младо момче вели дека и оваа влада ќе биде иста како претходната. Повозрасна госпоѓа вели дека многу очекува.

– Очекувам подобрување на секое поле. Подобрување на економија, но и на секое поле-вели таа.

Пензионер не очекува ништо. Вели дека нема да биде ништо подобро од сега. На прашањето која е првата работа којашто треба да ја направи новата влада, млада девојка вели дека треба за сите убаво да биде.

– Прво, граѓаните да се задоволни, а потоа и сè друго, вели таа.

Скопјанка објаснува дека мора да го подобрат стандардот на населението. Господин бара да ги исполнат ветувањата што ги дале, што ги кажале.

Пензионерка вели дека не знае од каде би почнала.

– Образованието,значи, катастрофа.Тоа ли е, образование, полицијата. Криминалот цвета. Мора на економија да се работи-вели таа.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот