ВИДЕОАНКЕТА | Колку битолчани знаат за „Браќа Манаки“?

Анкета: Битола, Манаки фестивал 45
Анкета: Битола, Манаки фестивал 45

Во рамките на 45. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува од 21 до 27 септември, тимот на „Слободен печат“ ги праша битолчани дали знаат кои се браќата Манаки, но и за нивните ставови за културата во градот и за фестивалот „Браќа Манаки“. Најголем дел од одговорите се дека фестивалот е значаен настан кој ја прославува историјата на киното и филмската уметност. Битолчани сметаат дека фестивалот ги поврзува авторите и љубителите на филмот од Балканот, а и од целиот свет.


Анкетата собра различни мислења и искуства на битолчани за влијанието на Манаки на локалната и регионалната култура.

– Фестивалот Манаки е светлост за нашиот град. Тој ја истакнува нашата историја – вели еден млад битолчанец.

За битолчани фестивалот е гордост. Градот живее во духот на културата.

– Првенствено, се промовира и се негува тоа што трае многу години. Се издигнува градот на едно повисоко ниво – вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот