ВИДЕОАНКЕТА| Како се подготвувате за летен одмор?

фото: Слободен печат

Грција, Турција, Црна Гора, Албанија… се дел од летните туристички дестинации кои ги одбраа нашите сограѓани за летен одмор. Поголемиот дел од анкетираните се грижат за физичкиот изглед и важно им е како ќе изгледаат на плажа, дел пак го занемаруваат тоа и фокусирани се само на одморот. Помладите се ангажираат со посебна исхрана и со активно посетување на теретана, пешачење и сл.

 – Јас оваа година ќе одам во Аланија, Турција. Важно ми е како изгледам на плажа, па затоа сега активно одам во теретана и внимавам што јадам пред одмор. Секоја година си купувам и нов костим за капење, но не ми е важно да биде од најнова мода. Ние сме жени и мислам дека навистина треба да внимаваме како изгледаме – вели една млада девојка пред камерата на „Слободен печат“.

Млад скопјанец ни одговори дека ќе оди на одмор со другарите на крајот од летото.

 –  Со тројца другари решивме да одиме во Црна Гора и Хрватска, мислам дека е добар избор за нас вака млади. Важно ми е да изгледам убаво на плажа, внимавам колку што можам, јас не одам во теретана, но другарите веќе почнаа активно да посетуваат теретана – вели тој.

Сретнавме и едно семејство од Радовишко, тие фамилијарно уплатиле во Турција, заминуваат за неколку дена.

– Оваа недела летаме за Турција цела фамилија, јас жената, синот, снаата и внуците. Секако дека е важна кондицијата, ние преку физичка работа се одржуваме во форма. Сопругата си купи и нов костим за капење, подготвени сме за на плажа – рече господинот.

Целата анкета можете да ја погледнете во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот