ВИДЕО | Злато и сафири: Синот на најбогатиот Индиец не штедел пари на венчавката, на пријателите им подарил часовници од 250.000 долари

Ананат Амбани и Радика Мерчант / Фото: Профимедиа / Принтскрин Икс

Анант Амбани, најмладиот син на најбогатиот Индиец и Радика Мерчант овој викенд ја прославуваат својата гламурозна и скапа венчавка, а деталите за бесрамниот луксуз со кој се опкружени полека се појавуваат.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео во кое може да се види дека пријателите на младоженецот се фалат со раскошните подароци. Анант ги почестил своите најблиски пријатели со луксузни лимитирани часовници „Аудемарс Пиге“ – секој вреден речиси 250.000 долари.

Овој луксузен часовник е со куќиште од розово злато од 41 мм од 18 карати и позадина од сафири. Бројчаникот исто така е од розово злато.

Споделеното видео набрзо стана вирално и предизвика голем број на коментари упатувајќи критика.

„И велат дека Индија е една од најсиромашните земји“, „Амбани ги трошат своите пари како да нема утре“; „Ова е лудо“, се дел од коментарите.

Најбогатиот Индиец ги носи Ријана и над илјада гости на предсвадбена забава за својот син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот