ВИДЕО | „Жолто црвено“: Новата песна на Лозано е создадена според вистинска приказна

Фото: Промо

Инспирирани од вистинска животна приказна, триото Влатко Лозаноски, Магдалена Цветковска и Лазар Цветковски создаде нова музичка нумера, која несомнено ќе допре до многумина кои живеат во нашата земја, но и нашинци кои се насекаде низ светот.

Насловот на песната е „Жолто црвено“, а за неа е снимен и видеозапис во режија на Даниел Јовески.

„Песната е создадена според вистинска животна приказна, односно на една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец кој беше на еден од концертите. Во неврзаниот разговор, човекот ми ја раскажа неговата животна приказна, за која во тој момент освен што ја ислушав, не ѝ дадов многу на значење, но по некое време почнав сѐ повеќе да размислувам за создавање на песна инспирирана од тој краток разговор. Со Лазар и Ена долго работевме на овој проект, свесно не сакавме да брзаме за да може и ние лично да се интрифилтираме во самата приказна” – вели Лозано, кој заедно со Лазе и Ена се потпишуваат како автори на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Лазар.

Во видеозаписот се појавија младите актери Андреј Пајмакоски, Ива Цацкова, Христијан Проданов, Љупчо Андрески и Тирјакија Јовеска.

Музичкиот спот е снимен на повеќе локации, а една од нив е и во Офицерскиот дом во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот