ВИДЕО | Жена заработува од озборување: Тврди дека е добро платена да открива тајни, досега изградила две куќи

Фото: Принтскрин / ТикТок

На прв поглед се чини дека Мирјам (67) води скромен и тивок живот, но вистината е поинаква.

Имено, жителката на градот Арменија во централна Колумбија тврди дека „озборувањата и тајните ги претворила во бизнис“, од кој успеала да изгради две куќи.

Според неа, таа собира информации за соседството не само од љубопитност, туку озборувањата се нејзиниот „главен извор на приход“.

Во видеото на ТикТок кое стана вирално, таа објаснува дека има посебни тарифи за озборувања. За обични озборувања наплаќа 5.000 долари, а за „посочни“ 10.000 долари.

Нејзиниот метод е едноставен, како што тврди таа, и ефикасен. Секој ден седи пред куќата, набљудува што се случува и сè запишува во тетратка.

Таа нагласува дека не пропушта никаков детаљ, како вистински детектив, додека во куќата има „фотографии од соседи“ кои се вмешани во случаи на неверство, пренесува „Лакаље блу радио“.

Собраните „информации“ ги продава на оној што ќе понуди. Таа е многу барана, тврди таа, а луѓето често и плаќаат да не ги открива нивните тајни.

Оваа приказна предизвика жестока дискусија на мрежите. Некои сметаат дека тоа е комично, додека други истакнуваат дека таквото однесување може да предизвика сериозни последици.

Треба да се напомене дека тврдењата на Мирјам не се потврдени, но најверојатно таа оставила трага во својата заедница.

@ladydaniellag Se hizo rica vendiendo chismes #ladydaniellag #zafirustudios ♬ sonido original – lady daniella g

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот