ВИДЕО | Жена упадна во програма на руската државна телевизија: „Не верувајте во пропаганда, ве лажат, Русите се против војната“

Демонстрант упадна во програмата на руската државна телевизија/ Фото: Принтскрин

Една демонстрантка го прекина преносот во живо на руската државна телевизија мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“, пишува Би-Би-Си.

На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата Телеграм, жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма „Време“ на Првиот канал.

„Не верувајте во пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува на нејзиниот знак.

Демонстрантот, чие име не е наведено, наводно е вработена во телевизијата.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: Преговорите продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот