ВИДЕО | Заврши средбата Лавров-Кулеба: Тешка средба, но разговорот нема алтернатива, сметаат министрите

Сергеј Лавров - Дмитр Кулеба / Фото: ЕПА / Колаж: СП.

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина  денеска во Анталија ги одржаа првите разговори на високо ниво меѓу двете земји, откако Москва го нападна својот сосед, при што Анкара се надева дека тие би можеле да означат пресвртница за конфликтот.

Членката на НАТО, Турција во неколку наврати понуди да посредува меѓу страните и ќе биде домаќин на нивните двајца врвни дипломати по неколкунеделните обиди за посредување на светските сили.

Средбата заврши околу 11 часот, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитр Кулеба изјави дека „средбата била тешка“.

Кулеба рече дека разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров бил без договор за прекин на огнот и хуманитарен коридор од Мариупол.

Посредник на средбата беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров / EPA-EFE

Лавров рече дека денешната средба покажала дека нема алтернатива за разговорот.

Ги користевте луѓето како жив штит, рече Лавров, мислејќи на украинската страна.

Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори се уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.

Средбата се одржа во Анталија / EPA-EFE/CEM OZDEL / Turkish Foreign Affairs Ministry

„За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската не увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите“, рече Лавров.

Тој рече дека е важно, сериозно да се зборува за ситуацијата, а за тоа се зборувало и денеска.

„Тие дозволија употреба на оружје во Украина, кое може да се постави секаде, а го користат терористи. Ќе ја прашаме ЕУ како е можно оваа закана за Русија да се создава со години. Во годините што доаѓаат ние ќе ги има овие закани не само од Украина, туку „секаде во ЕУ. Дали ќе нападнеме друга земја? Нема, не сме ја нападнале ниту Украина“, рече Лавров, додавајќи дека Путин зборувал за тоа и претходно.

Може ли светот без руски гас и нафта?

Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се двете сценарија, а и двете се опасни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот