ВИДЕО | „Засрамете се, има многу простаци тука“: Хени и Џејла Рамовиќ нападнати со шишиња на „Мјузик вик“

Фото: Инстаграм/Хени

Викендов се одржа тридневниот музички фестивал „Мјузик вик“ во Белград, а на големата сцена настапија најактуелните имиња на регионалната музичка естрада.

Во саботата настапи и српскиот рапер и продуцент Милош Стојковиќ, познат како Хени, а негова гостинка беше и босанската пејачка Џејла Рамовиќ.

Фото: Инстаграм/Џејла Рамовиќ

Сепак, овој настап нема да им остане во добро сеќавање бидејќи дел од публиката фрлаше шишиња кон нив.

„Има многу простаци во публиката кои фрлаат предмети кон сцената. Ја удривте Џејла, а ме погодивте и мене со ова. Како не ви е срам? Треба да ви биде. Ајде Ризик, Џејла, да си ја одработиме работата“, им рече Хени, кој го продолжи настапот и покрај инцидентот.

Слично нешто се случи и минатата година на истиот фестивал кога цел на публиката беа изведувачи како Војаж, Бресквица, Ема Радујко и други.

@republikatv #dzejlaramovic #henny #publika #musicweekfestival #musicweek #usce #festival #republikatv ♬ original sound – RepublikaTV

ВИДЕО | Џејла Рамовиќ за првпат проговори за врската со Марија Шерифовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот