(ВИДЕО) Вооружените сили на Украина елиминираа напаѓачи на „џет ски“

Украинско беспилотно летало пресретнало руски војници додека со „џет ски“ се движеле по реката Днепро.

Руските сили биле погодени од украински нападни дронови.

Првиот дрон влетал во задниот дел, притоа разнесувајќи го пловилото иако според објавените снимки тоа било опремено со систем за електронско војување. Сепак, неговата работа не им ја попречи работата на дроновите.

За прв пат, употребата на „џет ски“ од страна на руската војска беше забележана во мај годинава за време на операциите во делтата на Днепар.

Тогаш руските сили се обидуваа да испорачаат залихи на островот Красниковски.

Употребата на овие пловила, слични на мотоциклите, е со цел да ја зголеми брзината и маневрирањето при патување по реката за да го минимизира времето поминато на отворен простор.

Во моментов, Днепро и неговите канали се крајно опасни за патување поради постојаното следење со извидувачки беспилотни летала, присуството на голем број дронови камикази и речни мини.

Русите исто така се обидуваат да ги минимизираат операциите на реките што е можно повеќе со префрлање на дел од логистиката на големи земјоделски беспилотни летала кои испорачуваат храна и муниција.

Некои од нив можат да носат и до 40 килограми на растојание од 15 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот