ВИДЕО | Воодушевена жена го откри рецептот против комарци: „Ова е единственото нешто што ми помага“

Фото: Pexels / TikTok

Американката Мери преку видео на ТикТок на сите кои имаат проблем со убоди од комарци им го откри „единствениот рецепт против комарци“ кој навистина делува.

Нејзиното воодушевување може да се види на видеото во кое таа вели дека комарците обично обожаваат да ја касаат. Таа тврди дека е особено привлечна за комарците и дека тие ја „касаат жива“ секој ден, но откако го користи растворот што го подготвила дома повеќе нема мака со комарците.

„Некоја жена напиша рецепт во коментар, а јас случајно го видов. Посакувам да има сè што сака во животот, благодарам“, рекла Мери, која потоа објаснила каков раствор прави за најдобра заштита од комарци.

„Помешав екстракт од ванила и цимет со вода. Освен што мирисам на вкусно колаче, ова навистина делува“, воодушевено рекла жената и ги советувала сите да ја пробаат оваа комбинација.

@itscontrarymary I’m going to be living my best life from this point forward. #mosquito #mosquitobites #bugbites #mosquitorepellant #itworks #trythis #florida ♬ original sound – Contrary Mary

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот